Скопје, 29. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија на последната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во однос на состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион.
Таа го задолжи Министерството за култура да формира работна група со цел изработка на акциски план за постапување по одлуките кои произлегуваат од 41-та сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 25