Струга, 21. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти јануари 2024 година, во ОВР Струга било пријавено дека околу 16:00 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, во струшкото село Враништа, работна машина со струшки регистарски ознаки, управувана од 42-годишно лице од селото Велешта, излетала од патот.
– Во несреќата, лицето кое ја управувало машината се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 41