април 26, 2017

Охрид, 26. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Хотелот „Милениум Палас“ во Охрид, од 11:30 часот до 14:30 часот, денес ќе се одржи информативниот настан во рамки на проектот на УСАИД „Партнерство за подобра регулатива” – на тема „Права и обврски кои произлегуваат од законот за работни односи и колективни договори”.

Предавач во Охрид ќе биде Снежана Петковска, која работи како адвокат за деловно право. Поканети се фирми од Охрид и регионот. Присуството е бесплатно. Темата се однесува на работните односи, а настанот ќе биде наменет за компании, мали и средни претпријатија.

Информативниот настан е во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, во соработка со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и ЕПИ Центар Интернационал. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука