февруари 11, 2017

Охрид, 11. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Работнички и без помошта на неколку стандардни првотимци ја совлада екипата на АВ Охрид со 97:61 во рамките на натпревар од 12-то коло во македонската кошаркарска Суперлига.

Без Илиевски, Мираковски и Тасовски на паркетот, составот на Марин Докузовски со бројни млади кошаркари во своите редови ги надигра гостите, кои немаа одговор за полетниот тим од „Градски парк“.

Охриѓани по три минути игра имаа предност од 4-7, но следеше серија од 8-0 на Работнички по која домаќините целосно ја презедоа контролата над резултатот. Првата четвртина Работнички ја доби со 27-12, а домаќините потоа предноста ја зголемуваа како што изминуваше времето, за овој натпревар на крајот да заврши со убедливи 36 поени разлика. (Крај)

извор: ekipa.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука