Скопје/Охрид, 22. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Плажите на Охридското Езеро кои најчесто се посетени во летната сезона се загадени со високи нивоа на бактерии од човечки и животински измет и урина, според Хидробиолошкиот завод во Охрид. Фекалии и отпад се влеваат во езерото од канализации, септички јами, полски клозети, фарми и депонии, пишува Радио Слободна Европа.
Иако живеат на самиот брег на Охридското Езеро, жителите од населбата Грашница патуваат по неколку километри кога сакаат да уживаат на плажа. Велат дека состојбата со водите на езрото кај нивната населба е ваква повеќе од 20 години.
– Оваа цевка што ја гледате е канализација. Поради малиот капацитет на цевката, цело ова ѓубре се исфрлаше низ шахта на улица. На 50 метри понатака, има уште една канализација која тече во езерото, вели тие.
Анализите покажуваат дека на плажите на најсторото природно езеро во Европа се влеваат бактерии од човечки и животински измет и урина од отпадните води кои истекуваат од канализациите и септичките јами, како и од сточните фарми и пасиштата.
Кај Грашница се случува да растат домати, пипер и лубеници од семки од човечки измет коишто низ канализацијата стигнале во езерото, а потоа езерските бранови ги вратиле назад на плажите по што никнал зеленчук, според сведочењето на жителите. Високо ниво на фекално загадување исто така има и на другите плажи кои најчесто се посетени од туристи, како Трпејца, Куба Либре, Лабино, Мизо, Струга и Елен Камен. Освен фекално, на овие плажи има и органско загадување категоризирано како умерено од втора класа.
Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)
извор: Радио Слободна Европа/Владимир Калински фото: ОхридПрес
повеќе на оваа тема:
ЈП Колекторски систем: Гордо кажуваме дека отпочна санацијата на колекторот според студијата „Џајка“
И денеска продолжува истекувањето на матна вода во езерото кај Воска (Фото/Видео)