ноември 25, 2017

Струга, 25. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Непознатиот сторител што вчера изврши грабеж во експозитурата на ТТК Банка на влезот во Струга, си заминал со плен од близу 4000 евра.

Според податоците од МВР, настанот се случил во 09:10 часот во експозитурата на банка, кога лицето извршило разбојништво над вработените. Со закана со пиштол одзел околу 220.000 денари (1600 евра, 500 швајцарски франци и 100.000 денари).  Сторителот влегол во банката, го вперил пиштолот кон една од вработените барајќи и пари, а воедно и фрлил ранец. Вработената во ранецот ги ставила парите, по што лицето побегнало во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука