Струга/Битола, 2. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Битола поднесе кривична пријава против три лица од струшко Лабуништа поради основано сомнение дека извршиле кривично дело разбојништво.
Лицата М.Ш. (19), С.М. (30) и А.Ш. (24), на 4 ноември минатата година, во куќа во Битола, на ул. „8 Септември“ извршиле разбојништво врз двајца сопружници од Битола.
Пријавените одзеле 2.000 евра, златен накит и еден мобилен телефон, или направиле материјална штета од 181.000 денари.
Стружаните влеглево спалната соба во која спиеле оштетените, ги извадиле фиоките и ги однеле во дневната соба каде извршиле пребарување. Сопругот го удриле по главата, додека на неговата сопруга и се заканувале.
На пријавените им е определена мерка притвор во траење од 30 дена. (Крај)
извор: МВР фото: архива