Охрид, 14. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со решение на министерот за култура Роберт Алаѓозоски, сменет е претседателот на Управниот одбор на Меѓународниот музичко сценски фестивал „Охридско лето“, Зоран Велјаноски и членот на Одборот, Тоше Чочороски.
За нов член, воедно и претседател на УО именувана е Оливија Пирузева Јанева, просветен работник од Охрид, инаку член на Советот на општина Охрид.
Вториот, нов член на УО е Маре Ристеска, педагошки работник од Охрид. (Крај)
извор: плусинфо фото: архива
Прочитано: 21