Скопје, 3. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Машката ракометна репрезентација на Македонија продолжи со подготовките за претстојното СП во Франција кое ќе се одржува овој месец.
По редовните тренинзи на ракометарите следат и три контролни меча против селекцијата на Босна и Херцеговина, кои ќе се одиграт во наредните три денови.
Првиот пријателски меч ќе се одигра вечерва во СРЦ „Кале“ и ќе биде од отворен за публика ,но останатите два натпревари ќе бидат од затворен карактер. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 17