Охрид, 2.март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарките на охридската екипа „Моби Дик“ кои се натпреваруваат во пионерска конкуренција викендов остварија голема победа против екипата на женскиот ракометен клуб „Вардар“.
„Китовите“ во текот на целиот натпревар имаа водство, а финалниот резултат на семафорот беше 17:14 во корист на домашната екипа.
Со оваа победа, охридските ракометарки значително ги зголемија шансите за учество во завршниот Final4 турнирот кој ќе се одлучи за шампионот на Македонија. Тие, исто така се зацврстија на горниот дел од табелата и го делат второто место заедно со екипата на „Стружанка“.
Следниот викенд охридските ракометарки имаат тешко гостување во Скопје против екипата на Чаир.(Крај)
извор:ОхридПрес фото:ОхридПрес
Прочитано: 15