август 25, 2017

Охрид, 25. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на првото квалификациско коло на EHF купот, во Охрид ќе се одржи ракометен спектакл, односно двомеч помеѓу РК „Охрид 2013“ и РК „Крас Волендам“ од Холандија.

Натпреварите се играат на 02 и 03 септември со почеток во 19:00 часот во СРЦ „Билјанини извори“.

– Да им дадеме поддршка на охридските гладијатори за нивната прва презентација во Европа. Купете билети во предпродажба до 31-ви август – на пунктот кај стариот Чинар, секој ден после 18:00 часот по цена од 100 денари за еден билет и 150 денари за блок влезница. На 1 и 2 септември билетите ќе се продаваат во СРЦ „Билјанини извори“ по цена од 150 денари за еден билет, односно 200 денари за блок влезница. Сите заедно со Ракометниот клуб „Охрид 2013“ до историја. Секогаш со срце за Охрид, порачуваат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука