Струга, 30. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Рамиз Мерко од редовите на ДУИ е новиот градоначалник на општина Струга.
Според резултатите објавени од Државната изборна комисија, во вториот круг од локалните избори кои се одржаа вчера, Мерко освоил 13.945 гласови, а неговиот противкандидат Зијадин Села добил доверба од 13.157 гласачи.
Рамиз Мерко беше градоначалник на Струга во два мандати, во периодот од 2005-та до 2013-та година. (Крај)
извор: ДИК фото: архива
Прочитано: 44