јули 18, 2019

Струга, 18. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Новинската Агенција Журнал ексклузивно дознава дека градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, денеска го информирал премиерот Зоран Заев дека со намера спроведување на законите, сите надлежности на Општината на Струга за урбанистичко планирање, градежни дозволи и издавање на концесии, како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО, и’ ги предава на Владата, пишува порталот zurnal.mk.

Истиот извор го обезбеди и писмото кое градоначалникот Мерко го има предадено на премиерот Заев, откако претходно добил вербална закана по животот.

Во ова писмо меѓу другото пишува дека имајќи ги предвид последните случувања и долгорочната кампања која се води пpoтив градот Струга и градоначалникот на оваа општина, Мерко мисли дека има само една цел а тоа е покривање на дивогpaдбите во градот Охрид и опacноста која доаѓа со одземањето на статусот на Охридското Езеро од УНЕСКО.

За повеќе, прочитајте го писмото на градоначалникот Мерко испратено до премиерот Зоран Заев:

извор: zurnal.mk фото: zurnal.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука