Рано утрово во Охрид приведено лице од Гостивар кај кое била пронајдена и одземена бела прашкаста материја
август 31, 2024

Охрид, 31. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од СВР Охрид, рано утрово, во 05:10 часот, лишија од слобода 44-годишно лице од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

– По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука