март 29, 2017

Скопје/Охрид, 29. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во издание на издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје излезе од печат Антологија на македонскиот расказ, во која се застапени триесет и девет раскази од значајни македонски писатели.

Застапени се раскази од охридскиот писател Ванчо Николески и струшкиот писател Бошко Смаќоски.

Покрај нивните раскази, антологијата содржи и дека од Славко Јаневски, Блаже Конески, Глигор Поповски, Томе Арсовски, Цане Андреевски, Владимир Костов, Видое Подгорец, Оливера Николова, Киро Донев, Велко Неделковски, Владо Димовски и други.

Бошко Смаќоски е роден на 18 септември 1938, во Модрич, Струшко, а починал 1998 година во Скопје. Бил македонски поет, раскажувач, романсиер и драмски писател.

Ванчо Николески е роден во Црвена Вода, Охридско, на 10 јуни 1912 година, а починал исто така во Црвена Вода, Охридско, на 15 април 1980 година. Тој е македонски писател, претставник на првата повоена генерација македонски писатели за деца и младина.

На уводните страници, Раде Силјан приредувачот на ова дело, застапува раскази од Марко Цепенков, Ангелко Крстиќ, Стојан Христов, Антон Попов и Кочо Рацин, со што нуди широка слика за овој жанр во македонската литература. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука