Охрид, 27. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Советот на меѓународниот музички фестивал „Охрид фест-Охридски трубадури” го распиша конкурсот за годинешното издание, кое ќе се одржи во втората половина на август пред хотелот „Нова Ривиера“.
На конкурсот можат да учестуваат сите граѓани на Македонија кои до 10 мај ќе испратат демо снимка и текст на песната со назнака за Фолк вечер, за Поп вечер или Интернационалната вечер. На конкурсот за Интернационалната програма можат да учествуваат автори од Балканот и другите европски земји, со песни кои премиерно се изведени во 2017 година или се премиерни композиции.
На трите фестивалски програми ќе бидат доделени прва, втора и трета награда од публиката и жирито, како и специјални награди. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива