март 12, 2017

Охрид, 12. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Распишан е Конкурс за доделување на стипендии за последипломски студии на ЈНУ Институт за филм, „Филмска академија“ – Охрид за академската 2017/2018 година.

Министерството за образование и наука за студиската 2017/2018 година ќе додели триесет стипендии за последипломските студии на ЈНУ Институт за филм, Филмска академија – Охрид и тоа: Креативна продукција – 5 стипендии; Сценарио и драматургија – 5 стипендии; Филм, телевизија, и фотографија – Тон – 5 стипендии; Филм, телевизија, и фотографија – Монтажа – 5 стипендии; Режија – 5 стипендии и Кинематографија – 5 стипендии.

Годишната стипендија (уписнина) изнесува 9000 евра во денарска противвредност. Министерството за образование и наука ќе ги исплати средствата за уписнина на високообразовната установа за првата година од студиите, а уплатата на уписнината ќе продолжи во наредните години доколку корисникот ги исполнил обврските од првата, односно втората година утврдени во статутот на високообразовната установа, за што треба да достави доказ до Министерството.

Рокот за доставување на документите до Министерството за образование и наука е до 30-ти септември.

Основен критериум за добивање на стипендијата е пријавата за студирање на кандидатот да биде прифатена од ЈНУ Институтот за филм, Филмска академија – Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука