Охрид, 1. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ максимално ангажирани со сите свои расположиви технички и човечки ресурси.
Од претпријатието велат дека од раните утрински часови се справуваат со расфрлан отпад на сите страни.
– Расфрлани лименки, пластични шишиња и остатоци од храна, што за жал се реална слика во доцните вечерни часови и наутро, каде најголем проблем ни создаваат групите од млади луѓе кои се забавуваат на просторите каде се одржуваат концертите, на мини-плоштади, дворови од образовни институции, на тревниците во градскиот парк и уште на многу други локации низ градот. Во шпицот на туристичката сезона зголемена е динамиката за одржувањето на јавната чистота и зеленило, велат од „Комуналец“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ЈП „Охридски комуналец“