Скопје, 20. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез го објави поширокиот список за престојните квалификациски натпревари со Исланд, на него е и Борко Ристовски кој беше изоставен од Лино Червар.
Раул Гонзалез го објави првиот список како селектор на Македонија, пред нашите ракометари се два квалификациски дуели со Исланд за Европското првенство во Хрватска 2018. На 4. мај играме во Скопје, а три дена подоцна гостуваме во Рејкјавик.
Во составот се враќа Борко Ристовски, а повторно на списокот се и Ацо Јоновски и Немања Прибак. Нови имиња се Дарко Димитриевски, Костадин Петров и Владо Недановски. (Крај)
извор: Мкд.мк фото: архива
Прочитано: 29