Скопје, 28. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, одбра 19 ракометари кои ќе ги започнат подготовките за квалификацискиот двомеч против селекцијата на Исланд.
Шпанецот, за девет имиња, го скрати поширокиот список, кој го објави минатата недела. Меѓу тие деветмина кои отпаднаа од списокот се Немања Прибак и Аце Јоноски.
Македонија на првиот меч на 4.мај,во 20.00 часот ќе биде домаќин, додека во Рејкјавик ќе гостува на 7.мај. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19