Хавана, 29. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Нема промена во изреченото трговско и финансиско ембарго од страна на САД, и покрај новата фаза на билатералниот дијалог, кој го најави претседателот Барак Обама, изјави претседателот на Куба, Раул Кастро.
Кастро ова го подвече во својот говор за време на средбата на лидерите од Заедницата на латиноамериканските и карипските држави во Коста Рика, соопштува “Ел Паис”.
– Нормализација на билатералните односи нема да биде можна, додека не падне ембаргото, додека не ни ја вратат земјата незаконски окупирана за база во Гвантанамо. Сакаме праведност и еднаков надомест за кубанскиот народ за човековите и економски штети кои ги претрпе, рече Кастро пред лидерите на 33-те земји-членки на заедницата.
Кубанскиот претседател изјави дека нема да прифати каков било притисок врз внатрешни работи на Куба во преговорите со САД. (Крај)
извор: ОхридПрес/Ројтерс фото: архива