Мадрид, 3. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Весникот „Мундо Депортиво“тврди дека аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала во летниот преоден рок ќе направи трансфер во Реал Мадрид.
Дибала веќе му дал знак на „кралскиот клуб“ дека сака да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, а претседателот Флорентино Перез сака што побрзо да го договори трансферот.
Дибала со Јувентус има договор до 2020 година, но Реал Мадрид е подготвен да плати 80 милиони евра за да го доведе во своите редови. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 13