Цирих, 27. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Како што пренесува весникот „АС“ ФИФА започнала истрага против екипата на Реал Мадрид поради трансфери на малолетни играчи.
Светската куќа на фудбалот ќе испитува дали “кралскиот клуб” ги прекршил правилата при потпишувањето на договорот со младите играчи Мартин Едегор од Стромсгодсет, Минк Петерс од Ајакс и Марко Асенсија од Мајорка.
ФИФА минатата година поради трансфери на фудбалери помлади од 18 години ригорозно ја казни Барселона со забрана на купување играчи до 2016 година.(Крај)
извор: Спорт ТА фото:архива
Прочитано: 38