Мадрид, 23. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според тврдењето на шпанските весници „Марка“ и „АС“ „кралскиот клуб“, во летниот преоден рок ќе го руши светскиот трансфер рекорд, односно за 18-годишнот напаѓач на Монако, Килиан Мбапе ќе платат најмалку 120 милиони евра.
Тинејџерот од Монако оваа сезона блеска со своите брилијантни партии и ефикасни настапи,тој на 32 натпревари сезонава има постигнато 19 голови.
Според порталот „Tрансфермаркет“ вредноста на младиот французин изнесува нешто повеќе од 10 милиони евра, но медиумите тврдат дека пазарната сума е најмалку десет пати поголема, бидејќи интерес за Мбапе покажуваат најголемите европски гиганти. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20