Скопје, 20. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес започна Регионалната Зимска школа прва во Република Македонија од областа на безбедноста, во организација на Факултетот за безбедност Скопје и Центарот за истражување и креирање политики со целосна поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Вилфред Мартенс центарот за европски студии.
На школата професори и студенти ќе партиципираат од Република Македонија и државните Универзитети од Република Хрватска и Република Србија. Во наредбите четири дена Зимската школа за безбедност ќе се одржува во Скопје и Крушево.
Кризата со мигрантите откри недостаток на координација и комуникација меѓу соседните земји, бавни понекогаш и неефикасни политики, како и одговор од страна на Европската Унија. Ова доведе до потреба од Зимската школа за безбедност преку која ќе се подобри соработката, чекор до консултации меѓу земјите по должината на трасата и изградба на прагматична политика и оперативни мерки во Европа и Западен Балкан како понатаму да се справи со бегалците/мигрантската криза. Зимската школа за безбедност ќе понуди предлози за размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу наставниците, учениците и практичарите од земјите од регионот опфатени со миграциската криза: Македонија, Србија, Хрватска, Грција и Бугарија, воедно ќе се испитаат тесните грла за соработка, координација и спроведување на безбедносна политика и стратешките насоки за миграцијата, како и безбедносната политика на Европската унија и политиката за мигранти. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива