април 18, 2017

Охрид, 18. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Под покровителство на Црногорската амбасада, во Охрид, Битола и Прилеп се одржуваат регионалните игри за деца до 11 годишна возраст – жогарија.

Денес попладне во 16 часот во салата „Билјанини извори“ ќе се одржуваат игрите за децата од Охрид, предводени од Љупчо Јузмески, овластено лице за настанот во Македонија. Водител на игрите во Македонија е Жанко Голабоски.

Во регионалните игри жогарија се вклучени деца од повеќе земји, како Хрватска, Словенија, Црна Гора, Романија, Австрија, Србија, Италија.

– Жогарија е специфично име на регионални детски игри, кои влучуваат игри без граници и квизови на знаење за најмладите. Игрите за Македонија денес се одвиваат во Охрид, утре во Битола, а потоа и во Припел. Финалето секоја година се одржува во различна земја, годинава ќе се оддржи во Загреб, Хрватска. Најдобрите од Македонија, ќе имаат можност да учествуваат на игрите во Загреб, вели Јузмески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука