Охрид, 5. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца го одржа 19-то Изборно собрание.
Беше направен осврт на успешната работа на Организацијата за изминатиот мандатен период. Во овој период Организацијата ги промовираше суштинските принципи во негувањето на слободарските традиции; во ревитализацијата на СБМ; во изнаоѓање и на други форми на дејствување.
Собранието ги избра работните тела на Организацијата – нов Општински одбор, Надзорен одбор и претседателство на Општинскиот одбор.
Со едногласна одлука новоизбраниот Општински одбор на својата прва конститутивна седница ги избра: за претседател на ОО на СБ за Охрид и Дебрца Гоце Георгиески, за потпретседател Никола Стефаноски и секретар Снежана Лазароска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива