Охрид, 16. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Завршена е комплетната реконструкција на детското игралиште на улицата „Карпош Војвода“, кое доби нови реквизити и соодветна гумирана подлога.
– Од денеска најмладите ќе може да се рекреираат и на ова детско игралиште. Активностите се во рамки на проектот за реконструкција и изградба на детски и повќенаменски спортски игралишта на територија на Општина Охрид, информираат од Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 35