Охрид, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, 26-ти февруари на музичкиот пазар ќе излезат новите ремикси на песната „Skin Trade“, заедничкото музичко остварување на охриѓанецот Никола Тони и шпанскиот дј Casabella.
Во издание на издавачот „2seconds Records“ ќе бидат достапни дигиталните платформи на ремиксите на траката, која ја реализираше Никола Тони во соработка со шпански продуценти.
На пазарот ќе се најдат три нови ремикси направени од страна на шпанските артисти Lorenzo Labellarte, P.Xoria и Augusto Aegean.
Ремиксите ќе бидат достапни и на Beatport.com, Spotify и други музички страници за купување на музика. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 33