Мадрид, 9. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Атлетико Мадрид полека ја губат трката за шампионската титула во Ла Лига.Синоќа во дербито на колото, актуелниот шпански првак ремизираше на домашен терен со Валенсија 1-1 и сега заостанува седум бода зад новиот лидер во Примера, Барселона.
Резултатот го отвори Коке во 33-та а на 1-1 израмни Мустафи во 78-та минута.Мечот го одбележа грубата игра од двете страни и многуте инциденти.
Судијата покажа вкупно 13 картони од кои 12 жолти и еден црвен, а играта предвреме ја напушти Фуего. Во еден момент малку недостасуваше да дојде до масовна тепачка помеѓу играчите.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31