Рим, 14. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на Лацио и Милан изиграа нерешено 1-1 во последниот меч од 24.коло во Серија А.
Лацио прв поведе со голот на Билја од пенал во последните моменти од првото полувреме, а шпанскиот интернационалец Сусо му донесе бод на Милан со погодокот во 85.минута од средбата.
По нерешниот резултат двете екипи останаа на позициите кои ги имаа пред ова коло, Лацио на 6-то и Милан на 7-мо место во Серија А. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 22