ноември 8, 2017

Охрид, 8. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на одбележувањето на патрониот празник на детската градинка „Јасна Ристеска“ свечено беше пуштен во употреба реновираниот објект „Развигорче“.

Активностите во детската градинка во Охрид се дел од регионалниот проект „Изведба на енергетски ефикасни објекти во Југозападниот плански регион” Вкупната вредност на проектот е речиси 3 милиони денари, од кои 2.400.000 се обезбедени преку програмите на Бирото за регионален развој, а 500.000 денари се учество на општина Охрид и детската градинка.

gradinka 2

Со средствата од  Центарот за развој на Југозападниот плански регион извршена е промена на старата дотраена дрвена дограма со нови пвц прозори и врати, поставена е нова енергетски ефикасна термо фасада на објектот и променети се санитарните јазли, а со општински средства и сопствени на градинката промената е старата канализациона мрежа.

priredba 2

Во рамки на свеченостите за патронатот, во спортската сала „Билјанини извори“ се одржа атрактивна детска програма.

– Човек не може да остане рамнодушен од оваа атмосфера во која  татковците и мајките кои како деца  биле во  градинката „Јасна Ристеска“, како родители  се дојдени  да ги погледаат и да се радуваат на креативните настапи на  своите синови и ќерки. Токму преку креативните програми во кои учествуваат  децата може да се види и пофали работата на воспитувачите и сите вработени во градинката. Јас како градоначалник, заедно со моите соработници ветивме и ќе ги остваруваме ветувањата, дека и покрај потешкотиите, посебно внимание ќе посветиме  на најмладите и на нивното згрижување и воспитување, рече на свеченоста градоначалникот Јован Стојаноски. (Крај)

извор/фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука