Ретко видео како се прославуваше празникот Водици во Охрид пред повеќе од три децении (Видео)
јануари 14, 2025

Охрид, 14. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Пред нас е уште едно издание на големиот христијански празник Богојавление – Водици, а оваа година за првпат водосветот и положувањето на светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде извршено од страна на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.

Во далечната 1992 година, режисерот Baudouin Koenig, во продукција на La Sept ARTE и со поддршка на Министерството за култура на Франција го сними документарниот филм „Macédoine: les frontières de la discorde“ (Македонија: границите на раздорот), кој започнува со кадри од одбележувањето на големиот празник.

Видеото е вистинска временска машина во едно прекрасно време, како тогаш се одбележувал овој ден, но и многу луѓе од кои дел повеќе не се со нас. Добро е сите уште еднаш да ја слушнеме тогашната порака на митрополитот Тимотеј, која е толку актуелна и денес.

Погледнете.

извор: ОхридПрес фото/архива: Macédoine: les frontières de la discorde

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука