Реферeнтен Центар „Жан Митрев клиник“ Охрид: „Подобро здравје за секој поединец“
декември 16, 2024

Охрид, 16. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – И во времето на предпразничната еуфорија пулсираме заедно со Вас, информираат од канцеларијата на „Жан Митрев клиник“ во Охрид, од каде ја продолжуваат мисијата за промоција на здравјето и превенцијата.

– Зимата и ниските температури, престојувањето во затворени, непроветрени простории, намалениот имунитет, намалените физички активности се доволни предуслови за полесно и почесто да се шират вирусни и бактериски инфекции. Понекогаш, ваквите состојби може да имаат и сериозни последици. Некои од нас се изложени на поголеми ризици од развој на компликации, заради што овојпат информациите и разговорите ги посветуваме на се она што Ве интересира во врска со настинките, инфекциите, болките и инфекциите на уво, синусните инфекти, посложени тегоби, симптоми кои долго траат и сл. Во сабота на 21-ви декември закажете термин и прашајте се што Ве интересира за Вашето здравје на оваа тема. Информирајте се и активно бидете чувари на сопственото здравје. Во Канцеларијата на Референтниот Центар на „Жан Митрев“ клиника во Охрид, овој пат разговорите ќе ги води д-р Димче Марковски, специјалист по оторинголарингологија, дел од тимот на специјалисти на „Жан Митрев“ Клиника. Разговорите се бесплатни, информираат од канцеларијата на „Жан Митрев клиник“ во Охрид.

Охриѓани можат во периодот од 10:00 до 16:00 часот да го обезбедат својот термин и да закажат на телефонот 071/ 313 301.

– Ние сме Ваш партнер и поддршка за се’ што Ви е потребно за подобрување на Вашето здравје. Нашата грижа и соработка, за и со Вас е усмерена кон заеднички цели, јасна слика и активно учество во достигнување на „Подобро здравје за секој поединец“, информираат од Центарот во Охрид.

Канцеларијата на референтниот центар „Жан Митрев клиник“ во Охрид која се наоѓа на улицата „7-ми Ноември“, број 27, на првиот кат влез 1. Телефонот е 071/313-301, на кој можете да ги контактирате за сите дополнителни детали. Повеќе за референтниот центар „Жан МИтрев клиник“ во Охрид ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука