Лечестер, 24. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Најдобриот играч во Премиер лигата од минатата сезона, Ријад Марез, на крајот од оваа сезона се очекува да го напушти Лестер , откако „лисиците“ беа прогласени за најлошите бранители на трофејот во историјата на англискиот фудбал.
Алжирецот е на мета на Јирген Клоп и Ливерпул, но во трката по неговиот потпис се вклучи и екипата на Барселона.
Цената за Марез се движи од 35 до 40 милиони фунти, сума која и двата тима можат да ја исплатат, но одлуката останува на алжирскиот фудбалер. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 23