Брест, 10. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на Вардар триумфираа во регионалната СЕХА лига по победата во финалето над Веспрем од 26-21.
„Црвено-црните“, на завршниот турнир кој се одржа во Брест, Белорусија, ја освоија третата титула во регионалната ракометна лига – 2012, 2014, 2017.Голманот Штербик имаше 12 интервенции, додека Вардар до победата го предводеа Канељас и Дибиров кои постигнаа по пет гола.
На завршниот турнир третото место го освои домаќинот Мешков Брест со победата над Загреб од 23-19. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 44