јули 5, 2019

Охрид, 5. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ракометниот клуб „Охрид“ го задржува костурот на екипата, откако ги продолжи договорите со капитенот Крсте Андоновски и бекот Борче Соколов.

Двајцата ракометари ставија потпис на договорот од времетрање на една година. Андоновски дел од РК Охрид е од самото формирање на клубот, додека за Соколов ова ќе биде втора сезона во втората авантура во охридскиот клуб.

Пред крај се преговорите со голманот Јагош Брауновиќ и останатите ракометари кои минатата сезона беа дел од екипата. Единствено нови име во составот на Охрид предводен од новиот рренер Раде Стојановиќ е голманот Никола Даниловски.

Подготовките за престојната сезона во Супер лигата, ракометарите на Охрид ќе ги почнат од 5-ти до 10-ти август. (Крај)

извор: Gol.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука