февруари 8, 2017

Милано, 08. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Италијанските медиуми тврдат дека новите сопственици на Милан ја разгледуваат можноста да го ангажираат Роберто Манчини за тренер следната сезона.

Кинескиот конзорциум треба до крајот на месецот да го комплетира купувањето на Милан и се очекува да постави нова директорска структура.

Весникот „Кориере дело Спорт“ шпекулира дека новата управа би можела да го отпушти Монтела и на негово место да го донесе Манчини кој моментално е без работа. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука