март 15, 2017

Битола, 15. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Родилка од Битола починала од сепса. Со втора ризична бременост како итен случај пред 6 недели ја примиле на гинеколошкото одделение во Битолската клиничка болница.

Бидејќи 31- годишната пациентка била дијабетичар на инсулин и имала многу висок притисок дежурните лекари одлучиле веднаш да извршат царски рез. Родила здраво бебе.

Десетина дена по породувањето состојбата и се влошила, со покачена температура и болки во стомакот повторно дошла во Битолската болница. Оттаму тврдат дека и за време на хируршката интервенција и додека ја лекувале жената ги презеле сите потребни мерки според протоколите. Ја отфрлаат множноста при царскиот рез да било заборавено туѓо тело.

Во меѓувреме на родилката и била дојагностицирана сепса и одлучиле да ја префрлат во Скопје. Пациентката во многу тешка состојба на 11 февруари била донесена на скопските клиники. И покрај напорите на лекарите после еден месец починала на КАРИЛ. Семејството не сакало да се прави обдукција. (Крај)

извор: Сител фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука