септември 21, 2017

Скопје, 21. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Собранието со 65 гласови „за“ го изгласа Законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип.

Измените, според предлагачот, Владата на РМ, се потребни поради изменети и корегирани градежни работи на делницата.

Тоа се автопатите што ги гради кинеската компанија „Синохидро“ и кои поради низа спорни моменти на што укажаа дел од незаконски прислушуваните разговори, резултираа со подигнување на обвиненија од Специјалното јавно обвинителство за високи функционери од претходната влада.

Анексот на договорот за изградба на делницата Миладиновци-Штип ќе го склучат Јавното претпријатие за државни патишта и компанијата кинеската компанија, која ги гради новите автопати. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука