февруари 19, 2015

Струга, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Овој викенд стружани од понудата за забавите, ќе можат да одберат помеѓу рок свирките и забавите со електронска музика.

Утревечер, во Струга ќе има рок забава во кафе Пливалиште со свирка во живо. За музиката е задолжен No Fun.

За љубителите на електронската музика, утревечер во Албум музика ќе пушта DJ BoBi. Пред стружани е уште една урбана музичка приказна што ќе се испишува со изборот на траки кој ќе го направи DJ BoBi.

strugazabava

Струшкиот музичар со уметничко име Meto Di Flash, пак, оваа сабота ќе настапува во клубот Пливалиште. Според струшката публика, тој е вистински мајстор за караоке забави. Meto Di Flash е струшкиот X-factor, еден од учесниците на ова шоу. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука