јуни 16, 2017

Охрид, 16. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишниот Г.Г. од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

– На 7-ми април оваа година, околу 09:50 часот, на улицата „Галичица“ во Охрид, пријавениот го пресретнал 83-годишниот Б.Т. од гевгелиското село Негорци, лажно му се претставил дека доаѓа од Унгарија и дека вршел презентација на тенџериња и тави во Битола, по што, бесплатно, на оштетениот му дал комплет тенџериња и тави под изговор дека не можел да ги враќа предметите. Откако продолжиле со разговор на оштетениот му побарал да му позајми 550 евра за да си купи авионска карта. Откако му побарал уште 550 евра и бил одбиен од оштетениот, пријавениот ги зел 550-те евра (33.000 денари) и се оддалечил во непознат правец, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука