Рим, 4. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Фиорентина, по Лацио и Јувентус, е третиот полуфиналист во купот на Италија, откако синоќа во 1/4 финалето ја победи Рома со 0-2 со двата гола на Марио Гомез.
Гостите поведоа со погодокот во 65-та минута, а конечните 0-2 Гомез ги постави во финишот на мечот во 89-та минута.
Првиот полуфинален пар е Фиорентина – Јувентус, додека вечерва ќе биде познат и противникот на Лацио, по одигрувањето на дуелот помеѓу Наполи и Интер кој започнува во 20:45 часот. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: АП
Прочитано: 24