Рим, 28. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Италијанските медиуми шпекулираат дека стоперот на Рома, Костас Манолас на крајот на сезоната за 45 милиони евра ќе се пресели во редовите на Интер.
Рома веќе почнала да бара замена за Манолас, а прв на листата е младиот дефанзивец на Челзи, Курт Зума.
Французинот не добива голема минутажа оваа сезона кај Антонио Конте, а се шпекулира дека Челзи е подготвен да го пушти на позајмица следната сезона ,со можност римската волчица подоцна да го откупи во целост неговиот договор. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16