Ливерпул, 18. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Како што пишува Daily Mail најдобриот играч на Евертон и еден од најдобрите напаѓачи во Премиерлигата, Ромелу Лукаку доколку го напушти клубот ова лето тоа ќе биде за вртоглава сума.
Според истиот извор белгискиот репрезентативец одбил да потпише нов договор со Евертон, соопштувајќи дека сака да се врати на „Стенфорд Бриџ“, но за неговите услуги се заинтересирани и Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид.
Екипата на Евертон, пред две сезони го купи Лукаку од Челзи за 32 милиони фунти, а според весникот „карамелите“ немаат ништо против трансферот, но само доколку Челзи плати најмалку 118 милиони евра. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16