февруари 27, 2017

Мадрид, 27. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – По синоќешниот дуел на „Ел Мадригал“, Роналдо стана фудбалер со најголем број на постигнати голови од пенал во историјата на Примера, вкупно 57.

На натпреварот со Виљареал постигна погодок од пенал за израмнување на резултатот, во 74.минута(2-2), а десетина минути подоцна Мората донесе триумф за „кралевите“ (2-3).

Роналдо на листата на „пеналџиите“ го надмина некогашниот голгетер на Реал Мадрид, Хуго Санчез, кој има постигнато 56 гола од белата точка. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука