Охрид, 3. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ротаракт клубот „Охрид“ организира хуманитарна, Бадниковата акција со цел да се соберат средства кои ќе се искористат во хуманитарни цели.
Акцијата ќе се одржи на Градскиот плоштад во Охрид во петок, 6-ти јануари, во периодот од 12:00 до 15:00 часот.
– Во рамките на акцијата, на минувачите ќе им се делат сирење и греано вино, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели, информираат од Ротаракт клубот „Охрид“.
Како што неодамна информираше Супер радио, годинава во Бадниковата поворка низ центарот на Охрид ќе учествуваат околу 300 деца. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 18