Охрид, 20. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Рубриката „Локална самоуправа“ која своевремено одреден период ги следеше активностите на охридската локална самоуправа од денес повторно на OhridPress, официјалниот информативен портал на Супер радио.
Со надеж дека овој пат нема да има потреба да ја повлекуваме, на новото локално раководство, предводено од Градоначалникот Јован Стојаноски, како редакција им посакуваме успешна работа и справување со предизвиците кои се пред нив.
Супер радио, OhridPress и Inpress, како и секогаш досега, ќе бидат првите кои ќе ги пофалат и промовираат сите позитивни потези на локалната самоуправа, но и првите кои ќе укажат на евентуалните грешки во работата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 22