Москва, 29. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Парламентарното собрание на Советот на Европа усвои резолуција со која ја лиши делегацијата на Русија од право на глас до април 2015 година, пренесоа агенциите.
Мерката е преземена, како што е наведено, поради агресивната политика на Кремљ во однос на Украина.
Од своја страна Русија објави дека го прекинува своето учество во Собранието до крајот на годината. Така Москва се заканува конечно да се повлече од Советот на Европа, по речиси 20-годишно присуство.
Собранието побара Москва да ја укине анексија на Крим, да одржи транспарентна истрага на случаите на убиства, истребување на луѓе, кршење на човековите права од страна на вооружените сепаратистички групи и го повика Кремљ да ги распушти сите паравоени формации во регионот. (Крај)
извор: ОхридПрес/РИА Новости фото: архива