февруари 7, 2017

Скопје/Охрид, 7. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Црквата Св.Јован Богослов – Канео на брегот на Охридското Езеро е претставена на поштенска марка, која вчера официјално беше промовирана во Скопје.

Рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак на промоцијата потенцираше дека на македонската марка, е претставена црквата Св.Јован Богослов -Канео која се наоѓа на живописното место на брегот на бисерот на Македонија – Охридското Езеро, позната во државава и странство.

На руската марка, пак, посочи Шчербак, е црквата „Света Троица“ која е меѓу најпочитуваните духовни светлишта на Русија. Во неа се наоѓаат ремек делото од рускиот иконопис – лик на Света Троица од 15 век, како и делови на моштите на Василив Велики, Јован Златоуст и Григориј Богослов.

Номиналната вредност на поштенската марка, отпечатена во тираж од 10.000 примероци, е 144 денари. Нејзин автор е Лоран Фало од Бирото за филателија на Македонија.

Заменик-директорот на Македонака пошта Гоце Боболински очекува новата марка како мало уметничко дело да се најде на поштенските пратки и во колекциите на голем број филателисти, но и да помогне за промоција и развој на туризмот. (Крај)

извор: Cooltura.mk фото: Cooltura.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука